Сексот и храната се на врвот на листата на машките приоритети. Ваквите тврдења едноставно не се точни! Време е за подлабинска анализа на машките желби и потреби…
Во суштина потребите на партнерите и не се разликуваат толку. Времињата се сменија, па мажите сè повеќе отворено и без срам говорат за тоа што всушност сакаат.
Помалку драма
На мажите не им пречи ако жените, особено во „оние денови“ понекогаш имаат „испади“ кои по неколку часа делуваат и смешно. Но, тоа не смее да се злоупотребува, особено не пред роднините и пријателите.
Секси секс
Ги боли главата, им се спие, никогаш не им е вистинскиот момент. Дури и кога некои жени конечно ќе прифатат да имаат интимен однос делуваат како да го прават тоа неволно. Постои и друга крајност – жени кои порно актерките ги доживуваат како идоли. На мажите не им се допаѓа ни едното ни другото. Сакаат кога жените се свои и опуштени во псотелата.
Романтика
Помисливте дека веќе не сме сериозни? Не е така. Иако најчесто ги кријат ваквите чувства зад „семоќната“ машкост, тоа не значи дека воопшто и ги немаат. Се разбира, не треба да се претерува со срциња, плишани мечиња и цвеќиња; но од време на време треба да им се приреди некој романтичен гест.
Вистина
Недовербата ја убива врската, а лагата ја погребува. Ова правило е јасно и едноставно – во среќна врска не смеат да постојат лаги. И мажите имаат интуиција и знаат да проценат дали некој им ја кажува вистината. Сомнежот „ја јаде“ врската одвнатре. За да не дојде до ваква ситуација партнерите мора секогаш да разговараат, дури и за небитни работи (каде девојката била на кафе, какви чевли купила пријателката и слично). Ваквите разговори им се навистина здодевни на мажите, но така суптилно ги добиваат информациите за тоа каде и со кого била партнерката, информации кои им требаат не зашто немаат доверба туку зашто се грижат.
Тишина
Доколку не им се зборува, прашањата од типот на „што ти е“, „дали си добро“ само можат да ги изнервираат. Понекогаш им треба одмор од сè и од сите и сакаат да бидат сами со себе.
Вечера
Мажите не се со жените само поради готвењето, нема да се налутат и не очекуваат да имаат домашен секој ден, но од време на време сакаат да бидат изненадени со нивното омилено јадење.
Смисла за хумор
Секогаш речиси на врвот на списокот „што мажот бара кај една жена“. Навистина е здодевно да се биде со здодевна девојка во здодевна врска. Смислата за хумор е релативна работа, но во голем дел зависи од тоа колку е опуштена партнерката. Мажите не сакаат жени кои „напнуваат“.
Слушање
Жените често велат дека мажите вистински се отвораат само откако ќе испијат некоја чашка, но дали навистина знаат да слушаат? На мажите им треба време за емоционално да се опуштат во врската и да стекнат доверба, а жените мора да бидат репеливи и да начат како да го пробијат нивниот „оклоп“.
Венчавка
Да. И мажите сонуваат за венчавка, но не толку за самиот чин, колку за она што следува потоа. И тие сакаат среќен, исполнет и успешен брак. Можеби делуваат неодлучно, но им треба време за да бидат 100% сигурни во одлуката. Сепак, неколкугодишната врска за нив по автомаризам не значи и запросување, најпрвин мора да се осигураат дека обајцата се створени еден за друг.
Крај на игрите
Играњето топло-ладно е интересно на почетокот од врската, но по некое време почнува да им пречи. Мажите сакаат девојка на која можат да се потпрат, на која можат да сметаат во секое време. За врската да прерасне во нешто сериозно, за да не и дојде крај, на игрите мора да им дојде крај.
Пронајдете не на следниве мрежи: