Двајца убиени во самоубиствен напад во Кабул

Loading...

Во самоубиствен напад во дипломатскиот кварт во авганистанската престолнина Кабул во средата наутро, еден од најзаштитените делови на градот, за кој одговорноста за ја преземаа талибаните, загинаа две лица.

„Самоубиецот почна да се качува на куќа во изградба кога го убија безбедносните сили. Двајца чувари се убиени а уште три лица се полесно повредени“, изјавил началникот на полицијата во Кабул, Мохамед Аџуб Саланги, додавајќи дека напаѓачот сепак успеал да го активира експлозивот, пренесува AFP.
Втора експлозија одекнала малку подоцна, исто така, во главниот град на Авганистан., рекол западен безбедносен извор од Кабул.
Талибаните ја преземаа одговорноста за првиот напад. „Голем број лица вооружени со тешко и лесно вооружување нападнаа важна канцеларија на CIA во центарот на Кабул“, се вели во соопштението објавено на една од нивните интернет страници за пропаганда.
„Непријателот претрпе тешки загуби на кои не може да им се одреди бројот…. судирите продолжуваат“, се додава во соопштението на бунтовниците, а агенцијата забележува дека овие соопштенија секогаш се предимензионирани.

Макфакс

loading...
Loading...