Германското издание на Financial Times пред згаснување

Германското издание на угледниот британски деловен весник Financial Times Deutschland (FTD), покренато пред десетина години, на пат е да постане најнова жртва на неповолните трендови кои силно ја погодија глобалната издавачка индустрија.

Германија е најголемиот европски пазар на печатени медиуми и досега беше релативно отпорна на технолошките, културолошките и демографските сили кои ги разнишаа весниците во многу други развиени држави, но состојбите се менуваат.
Најголемата европска економија забавува со оглед дека данокот што го зема тригодишната должничка криза во еврозоната, што дополнително го погодува огласувањето, но и ја ограничува подготвеноста на потрошувачите да купат весници, од кои добар дел може д аги читаат бесплатно на интернет.
За судбината на FTD треба на денешниот состанок на управата да одлучи неговиот издавач Gruner + Jahr (G+J), со кој управува германскиот медиумски конгломерат Bertelsmann.
Сите вработени во весникот се сигурни дека му претстои згаснување.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: