Иако досега се откриени стотици планети кои кружат околу друга ѕвезда, па и поголем број ѕвездени системи со повеќе планети, само мал број од нив се директно снимени. Таков е случајот со планетата ''супер Јупитер''.
Новооткриената планета кружи околу ѕведата Капа Андромеда, во соѕвездитето Андромеда. Планетата е 13 пати помасивна од Јупитер, има маса поголема за 2,5 пати од Сонцето и од Земјата е оддалечена 170 светлосни години.
Ѕвездата Капа Андромеда е релативно млада, бидејќи научниците ја проценуваат на околу 30 милиони години, за разлика од Сонцето чија старост се проценува на околи пет милијарди години.
''Супер Јупитер'' е фотографирана од телескоп на Хаваите, во инфрацрвениот дел од спектарот, на начин што тие го прекриле дискот на ѕвездата за да се намали нејзиниот сјај и планетата да стане видлива.
Пронајдете не на следниве мрежи: