Хороскопските знаци и сексот

Често се изненадуваме колку карактеристиките на знакот во кои сме родени одговараат на нашите вистински особини.

Проверетe дали Зодијакот точно ја опишува и вашата сексуалност.

 

ОВЕН

Нив ги посакуваат многу жени,не само поради изгледот,убавото однесување,туку и поради темпераментот. За жал на многу им е недостапен. Многу бара од партнерката:во друштво да биде дама,дома домаќинка а во кревет љубовница. И жените овен од мажите бараат да им одговара и физички и духовно. Во сексот се нестрпливи и се сакаат сега и веднаш. Освојуваат со поглед, брз, спонтан настан, сакаат секс без предигра. Љубовта не ја покажуваат со зборови туку со дела.

 

БИК

Ги земаат од животот сите радости и несебично се даваат себеси. Нивната девиза е „после мене потоп“Зборот љубов го пишуваат со големи букви и бараат партнер со кого ќе може да остварат блискост. За нив се многу важни бакнежите и предиграта во сексот. Сакаат подароци и интимна атмосфера.

 

БЛИЗНАЦИ

Тие се трудат да ги пласираат своите идеи секаде па дури и во љубовта. Секогаш се во потрага по најдобрата варијанта. На тој план остануваат вечно млади. Тие не знаат да мразат но и љубовта не им е баш длабока. Ги интересира само повремен флерт и веднаш се задоволни.

 

РАК

Ракот е најстрастен знак под влијание на Месецот. Додека е слободен има постојана потреба за авантура. Во врска која е постојана е верен,љубоморен и не ги покажува емоциите. Бара силен партнер,кој би можел да ги задоволи неговите големи интимни потреби. Паѓа на музика, пијалак, придушено светло.

 

ЛАВ

Секогаш сака да биде прв во сè па и во љубовта. Многу бара од другите,од самиот себе па и од саканата жена. Ако лавот засака навистина сака длабоко и комплетно.

 

ДЕВИЦА

Не се спремни за разлики посебно во љубовта. Нивниот главен советник е разумот. Во интимни односи влегува дури после детална анализа,страста неретко ја глуми. Од партнерот често бара повеќе отколку што може да даде.

 

ВАГА

Вештината на животот ја постигнува рано,сака сјај,раскош,па се труди да најде побогат партнер. Верна е како партнер,така да неверство и неправда не може да поднесе и оправда,во интимност влегува со чувства. Повеќе е емотивна отколку страсна, оргазам доживува и со допир.

 

СКОРПИЈА

Скорпијата е само симбол на страста,перверзна,љубоморна. Со никого не го дели пленот и од никого не бара совети. Нивната љубов е длабока како океан,цврста како камен и бурна како планински поток. Партнерот го заведуваат со јак ерос, љубовта,како и се во животот сакаат да ја осетат до дно. Немојте ни случајно да помислите да го изневерите бидејќи во моменти на љубомора спремен е на се.

 

СТРЕЛЕЦ

Нај веќе сака да фантазира, патува, планира, работи, зборува…Рано го пробува забранетото овошје,знае да ужива во сексот. Нај еротски знак е во хороскопот. Првата љубов ја споредува со втората,петта со трета…и се така,барањето трае цел живот.

 

ЈАРЕЦ

ТОЈ е реалист. Сите небески богатства сака да ги добие уште на земјата и затоа прави свој мал рај во кој комуницира најдобро сам со себе. Озбилен е, без страст и насмевки. Кај него изостанува возбуда и затоа не се препорачува на страсни личности.

 

ВОДОЛИЈА

Како настинка е,во вашиот живот влегува кога најмалку се надевате. Понекогаш се смета за настрана личност, чувствата и се интензивни но не траат долго. Нивниот ерос е романтичен,може да изневерат но само заради промена. Не им смета партнерот да го позајмат на пријател. Колекционери се на љубов и страст,дури и групен секс не е нешто што ќе го одбијат.

 

РИБИ

Тие не можат да потонат,а тоа што го мислат, чувствуваат, што ги интересира,никој не знае. Срцето им е меко, чувствата нежни, сакаат и сакаат да бидат сакани. Во љубовта повеќе даваат отколку што примаат,сексот им е благ,без вовед,бараат малку а нудат многу.

Пронајдете не на следниве мрежи: