Списанието Car објави дека раководните лица од Audi го потврдиле производството на моделот Q8. Ова ќе биде автомобил со 4 врати, се работи за нов crossover, од кој се очекува да стане гордоста на Audi.
Прелиминираните истражувања кои ги спроведе Audi на пазарот велат дека годишно би се продавале околу 25.000 примероци од овој модел. Audi Q8 би бил базиран на продолжената MLB платформа која се развива за идната генерација на crossover моделите Audi Q7, Porsche Cayenne и VW Touareg.
Планирано е да се користи алуминиум, кој би ја намалил масата на Q8 за цели 300kg во споредба со неговиот претходник Q7. Очекувано е овој модел да биде достапен со V6 и V8 мотори. Се очекува да биде понудена и хибридна верзија, додека најмоќната RS варијанта би имала мотор со 550 коњски сили.
Овој модел не треба да се очекува на пазарот пред 2017 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: