Џастин Тероу, идниот сопруг на Џенифер Анистон, нема ништо против тоа нејзиниот поранешен сопруг да присуствува на нивната венчавка. Џастин и Џенифер се многу заљубени еден во друг и не сакаат да влезат во брак со нерасчистени односи од минатото.
Парот е навистина среќен заедно и сака да ја споделат нивната љубов со сите, па така решиле да ги поканат и Бред и Анџелина на нивната венчавка и со тоа да можат конечно да стават крај на “војната” меѓу нив што ја создадоа медиумите.
Џастин знае дека Џенифер и Бред се слушаат од време на време и дека се вои добри односи, но тој целосно и верува на својата свршеница.
Џенифер ги негираше гласините дека е се уште лута на Бред поради тоа што ја остави во 2006 години за Анџелина и изјави дека би била среќна кога тие би дошле на нејзината венчавка.
Пронајдете не на следниве мрежи: