750 евра минимална плата во Хрватска од 1 јануари

Висината на минималната нето плата во Хрватска од 1 јануари следната година ќе се зголеми за околу 80 евра, од овогодинешните 670 на 750 евра или за 15 отсто, одлучи хрватската влада.

Со новата минимална плата ќе бидат опфатени 30.000 лица повеќе од пред две години, објави порталот Пословни.хр.

Кога станува збор за бруто износот, тоа е зголемување од 840 на приближно 970 евра.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека во Хрватска денес 100.000 луѓе примаат минимална плата и посочи дека „целта на Владата е да обезбеди подостоинствен живот за оние кои имаат најмалку“.

Од друга страна, последниот чекор за покачување на минималната плата е проследен со коментари дека таа сепак е доволно само за покривање на комуналиите, пренесуваат медиумите.

Пронајдете не на следниве мрежи: