Екипите на Шкендија, Тетекс и Силекс изборија пласман во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.
Шкендија, во четвртфиналето на убедлив начин со вкупен резултат 6:1 го елиминира Металург.
Шкендија на реваншот во Скопје допатува со предност од 1:0, Металург по првото полувреме имаше предност од еден гол, но во продолжението фудбалерите на Шкендија постигнаа пет погодоци, го декласира противникот и се пласираа меѓу најдобрите четири екипи.
Тетекс, екипа, која е последнопласирана во првенството, направи големо изненадување, откако во четвртфиналето го елиминира бранителот на трофејот Ренова. По првиот меч резултатот беше 0:0, а Тетекс во реваншот „на гости“ победи со 1:0.
Силекс, против Дрита го потврди пласманот во полуфиналето, екипата од Кратово забележа две победи 2:1 на првиот и 3:0 на вториот меч.
Последниот полуфиналист ќе биде познат по одигрувањето на реванш дуелот помеѓу Вардар и Пелистер.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: