Гвардиола е новиот тренер на Челзи?!

Премногу шпекулации се шират околу наследникот на Роберто Ди Матео на клупата на Челзи, во моментов англиските медиуми на големо шпекулираат дека Пеп Гвардиола е првиот избор за англискиот премиерлигаш во моментов.

Управата на Челзи одлучи да ја прекине соработката со Роберто Ди Матео, па од раните утрински часови започната е потрагата по новото решение за клупата на Челзи.

Во тамошната јавност како еден од главните кандидати се издвои Рафа Бенитез кој и сам изјави дека сакал да го предводи тимот на Челзи.

Сепак, Роман Абрамович, се чини дека ќе ги послуша фановите, британски „Телеграф“ тврди дека Бенитез е само резервно решение, исто како и Аврам Грант кој се вметнува во комбинација.

Првиот пик на Абрамович е секако Пеп Гвардиола, за кого тимот на Челзи има пријавено сериозен интерес.

Пронајдете не на следниве мрежи: