Бонус за работниците кои ќе остварат љубовна врска со колега

Loading...

Кинеска IT компанија на своите работници им понудила `љубовен бонус` на платата за да ги охрабри да почнат интимни врски со колегите на работа.

Фирмата Chengdu од провинцијата Сечуан, одлучила бонусот да биде 1.112 јуани (околу 180 долари), а целта е да се подигне моралот во канцелариите, пишува весникот People's Daily.

Извршните директори на фирмата оваа идеја ја добиле откако за време на одбележувањето на Денот на самците процениле дека вработените кои не се во врска или во брак биле потресени.

Денот на самците се одбележува еднаш годишно уште од 1993 година, а иницијативата за тоа ја поднеле студенти од универзитетот Нанџинг.

Во Chengdu се надеваат дека нивните вработени, ако се заљубат едни во други, ќе придонесат за севкупна хармонија во компанијата.

Освен тоа, поединци кои штотуку раскинале со своите партнери или се развеле можат да добијат два слободни дена кои ќе им бидат платени.

Макфакс

loading...
Loading...