Иако на Алекс Фергусон гледа како на „втор татко“, Кристиано Роналдо потенцира дека Жозе Мурињо сепак е подобар стручњак од Алекс Фергусон.
Во разговор за англиски „Сан“, играчот на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо ги изнесува своите мислења околу тоа кој е според него најдобриот тренер во светот.
Португалецот инсистира дека Мурињо тоа ќе го докаже оваа година, откако би му ја донел десеттата титула за првак на Европак.
„Жозе е најдобар тренер во светот, тој е број 1!“
„Со него е одлично да се работи бидејќи тој е човек кој сака да победува, се натпреварува и тој е човек кој воопшто не сака да губи, исто како мене“ вели Роналдо.
Пронајдете не на следниве мрежи: