Бенитез: Сакам во Челзи

Рафаел Бенитез потврди дека со задоволство би ја презел клупата на Челзи откако овој тим му врачи отказ на Роберто Ди Матео поради слабите резултати.

Поранешниот тренер на Валенсија, Ливерпул и Интер ги изнесе своите желби по информацијата дека Роман Абрамович има намера да го постави за тренер на екипата на Челзи.

„Само што дознав дека Ди Матео е сменет. Ме прашувате директно дали Челзи ме контактираше но ја не можам да ви одговорам на ист начин. Само можам да кажам дека сум во потрага по ангажман за клуб кој сака трофеи а Челзи е секако еден од тие клубови“ вели Бенитез.

Пронајдете не на следниве мрежи: