Гулит: Челзи успешните ги наградува со отказ

Поранешниот холандски интернационалец е разочаран од одлуката на челниците на Челзи да го сменат Роберто Ди Матео.

Руд Гулит верува дека оној кој во Челзи освојува трофеи сам себе си потпишува отказ.

Поранешниот менаџер на Челзи, Руд Гулит, е разочаран од односнот кој челниците на лондонскиот клуб го имаат кон оние кои на било каков начин направиле нешто за клубот.

Гулит го погоди одлуката на Роман Абрамович да денес му врачи отказ на Роберто Ди Матео кој во претходната сезона на Челзи му обезбеди два трофеи, Лигата на Шампионите и ФА Купот.

„Наградата за оној кој носи титули во Челзи е отказ. Добро поминуваат оние кои не успеваат да освојат ништо. Жал ми е за Ди Матео, ниту година дена не му беше дадена шанса да го води овој тим, но, сепак и тоа е дел од нашата работа“ изјави Гулит.

Пронајдете не на следниве мрежи: