Италијанските медиуми тврдат дека Мауро Зарате ќе го напушти клубот во јануарскиот преоден трансфер-период.
Зарате е фудбалер кој заработува најмногу во екипата на Лацио, има годишна заработка од 2.1 милион евра, но, сепак овој фудбалер не е во прв план кај тренерот Петковиќ.
25-годишниот Зарате се врати во Рим по краткотрајната позајмица во Интер, но оваа сезона забележа само еден настап, што беше доволен повод да италијанските медиуми се зафатат со можниот трансфер на Зарате во скоро време.
Како кандидати за неговиот потпис се споменуваат екипите на Џенова, Палерно, Малага, ЦСКА Москва и Спартак Москва.
Се наведува дека токму шпанска Малага е најзагреана да во своите редови го доведе Мауро Зарате, се шпекулира дека уште во јануарскиот преоден-трансфер период оваа екипа ќе испрати сериозна понуда за ангажман на овој фудбалер.
Пронајдете не на следниве мрежи: