Искусниот фудбалер на Арсенал е на пат да го засили тимот на Рома.
Според одредени шпекулации кои се појавија во оваа недела, Томаш Росицки би можел во јануарскиот трансфер-преоден рок да си замине од Лондон и да се пресели во Рим, во тимот на Рома.
Големата конкуренција во тимот на Арсенал му ги затвори вратите на искусниот фудбалер кој оваа година има проблеми да се избори за место во тимот.
По зборовите на неговиот агент, тој вели дека чехот вредно тренира и се подготвува за нови предизвици, но, тој сепак вели дека чехот би останал во Лондон.
„Росицки размислува исклучиво за тимот на Арсенал, вредно тренира за да се врати што поскоро на терен. Со Рома нема никакви контакти, тоа се само шпекулации“ демантира агентот на Росицки.
Пронајдете не на следниве мрежи: