Федерер не настапува во Базел

Роџер Федерер го објави распоредот на турнири на кои ќе настапува за новата сезона.

Роџер Федерер го објави распоредот на турнирите на кои ќе настапува во 2013-тата година, а на него нема неколку големи натпреварувања на кои тој вообичаено настапува.

Швајцарецот новата сезона ја започнува во Австралија (Австралија Опен). Потоа следат турнирите во Ротердам и Дубаи, а потоа мастерсот во Индиан Велс.

Мајами е отфрлен од конкуренција.

По Индиан Велс швајцарецот ќе одигра два турнири пред Роланд Гарос, тоа се Мадрид и Рим, ќе го пропушти Монте Карло.

Загревањето за Вимблдон ќе го направи на вообичаено место, во германски Хејл.

По Вимблдон следи северноамериканската турнеја, Канада, Синсинати, а потоа УС Опен, а за завршницата го одбра турнирот во Шангај.

Пронајдете не на следниве мрежи: