Во исчекување на последната трка сезонава, Фернандо Алонсо, во Њу Јорк одржа прес конференција.
Во исчекувањето на последната трка сезонава, Фернандо Алонсо до некаде самоуверено пред настапот.
Шпанскиот возач на Ферари, во пресрет на големата награда за Бразил заостанува со 13 бодови зад Себастијан Фетел. Доколку Алонсо победи на оваа трка, на Фетел ќе му биде доволно и петто место за да биде светски шампион во Формула 1.
„Едно нешто можам да направам, тоа сигурно ќе биде борбата која ќе ја направам се до последниот момент од трката. Имам 13 бодови помалку од Фетел, но тоа не значи дека целокупната борба е готова. Моментално, ниту јас, ниту Ферари не сме во добитна ситуација, но секако, работите можат да се свртат на наша страна“ вели Алонсо.
Пронајдете не на следниве мрежи: