Мурињо: Сити, спремете се за елиминација!!!

Жозе Мурињо на прес конференцијата за новинарите уште еднаш на свој начин го коментираше претстојниот дуел со Манчестер Сити.

Играчите на Роберто Манчини се наоѓаат во мошне тешка положба бидејќи мораат да го победат тимот на Реал за да останат во трката за пласман во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите.

Манчестер Сити моментално се последни во својата група со само два освоени бода, а имаат дури 4 бодови заостаток зад третопласираната екипа на Ајакс.

„Верувам дека во оваа сезона тие ќе испаднат од групната фаза, така да можат да се подготват уште од сега за тоа“ вели Мурињо.

Пронајдете не на следниве мрежи: