Рафа Бенитез нов тренер на Челзи

Она што се шпекулираше, а што сепак не беше во прв план, се оствари, иако прв план беше Гвардиола, на клупата на Челзи сепак седна Рафа Бенитез.

Челзи на својата официјална веб страна објави дека нов тренер на овој англиски премиерлигаш ќе биде некогашниот тренер на Ливерпул, Рафа Бенитез.

Како што се потенцира на веб страницата, во соопштението на клубот од Лондон, Рафа е именуван на ова место до крајот на сезоната.

Исто така, се наведува дека челниците на клубот го сметаат Бенитез за стручњак со големо искуство на големите фудбалски натпреварувања, па веруваат дека тој може да постигне успех со екипата и да ја оствари нивната цел до крајот на сезоната.

Пронајдете не на следниве мрежи: