Шпанецот Хуан Мата прв прв со коментар за заминувањето на Роберто Ди Матео, тој му упатува пофалби на својот поранешен тренер.
Поразот во Торино го чинеше отказ Роберто Ди Матео, кој во минатата сезона го водеше тимот на Челзи до шампионската титула во Лигата на Шампионите.
Роман Абрамович немаше веќе трпение, со оглед на тоа дека тимот влезе во серија од лоши резултати, а казната падна на тренерот.
Реакциите за оваа вест се поделени во фудбалската јавност, а офанзивниот фудбалер Хуан Мата тешко го поднесе овој развој на настаните.
„Би сакал да му се заблагодарам за сите заеднички поминати моменти и му посакувам се најубаво во иднина. Тој е легенда на клубот како играч, а исто така и како менаџер“ изјави Мата.
Пронајдете не на следниве мрежи: