Ултрасите на Бетис не можат да се помират со поразот од Севиља!!!

Стотина навивачи на екипата на Бетис се појавија на тренингот на својот омилен тим за да побараат објаснување за дебаклот во градското дерби против Севиља.

Катастрофалниот пораз од Севиља во градското дерби со резултат 1-5 ги натера најверните навивачи на Бетис да се побараат објаснување за дебаклот на „Санчез Пишуану“.

Бидејќи ултрасите можеа да ја загрозат безбедноста на играчите, претседателот на Бетис за секој случај ја извести полицијата чии припадници се распоредија на малите трибини на помошниот терен.

Главна мета на навивачите на Бетис беше Нелсон кој го навредуваа бидејќи бил виновник за третиот гол, а токму овој фудбалер реагираше сосема аматерски при интервенцијата и со тоа стана главна мета на навивачите на Бетис.

Пронајдете не на следниве мрежи: