Давутоглу прсна во плач во Газа

Loading...

Без оглед на тоа колку политиката делува врз работата во која нема емоции и треба секогаш да се остане ладнокрвен, турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу не можеше да се воздржи и се расплака како дете при средбата со семејствата на настраданите Палестинци.

Делегација на Арапската лига, составена од десет министри за надворешни работи на земјите членки, во рамки на посетата на Газа, беше во болницата во која лежат ранети Палестинци. Шефот на турската дипломатија не можеше да остане воздржан при средбата со жртвите на израелските напади над Палестинците, пренесуваат турските медиуми.
„За време на посетата на болницата Шифа преживеавме навистина болни моменти. Петнаесетгодишно девојче, еден старец и едно момче во тие моменти починаа. Моментот кога во собата влезе таткото на убиеното девојче беше навистина болен. Сите ние сме родители. Кога ги затвораше очите на девојчето, некој му рече дека во собата е турскиот министер за надворешни работи и сака да му изрази сочувство. Тој се заврте и ме прегрна. Тоа се моменти кога човек спознава многу работи“, изјави Давутоглу.

Макфакс

loading...
Loading...