Натпреварот помеѓу Хапоел Кирјат Шмона и Атлетик Билбао, кој во рамките на Лига Европа, требаше да се одигра во четвртокот е одложен, поради судирите во Изреал, соопшти шпанскиот клуб.
Атлетик, во средата требаше да отпатува во Израел, но во кусото соопштение се наведува само дека натпреварот е одложен, но не и кога и каде ќе се одигра.
УЕФА ја следи ситуацијата во регионот од моментот кога започна израелската офанзива во појасот Газа.
Дресот на Хапоел Кирјат Шмона го носи македонскиот репрезентативец Дарко Тасевски, кој во досегашниот тек на Лига Европа, за израелскиот тим одигра три натпреварс на кои постигна еден гол, во минатото коло против Спарта Прага.
Инаку, екипата на Тасевски, ги загуби шансите за пласман во нокаут рундата, Хапоел Кирјат Шмона по четири кола во И групата има освоено два бода.
Во слична позиција се наоѓа и Атлетик Билбао, кој со еден бод е последен на табелата, каде лидер е Лион со 12 бодови, пет повеќе од Спарта Прага.