Некогаш еден од најдобрите фудбалери на светот, Руд Гулит, не го крие разочарувањето поради отказот кој Роберто Ди Матео го доби од Челзи.
Според него тоа е судбината на секој тренер кој на клубот ќе му донесе трофеи.
„Доколку освоите нешто со Челзи ќе добиете отказ. Доколку не освоите ништо, бидете сигурни дека ќе работите подолго време. Ди Матео донесе два трофеја за помалку од една година и доби отказ, но таква е тренерската работа“, истакнал 42-годишниот Холанѓанец, кој верува дека порано или подоцна Жозе Мурињо ќе се врати во Челзи.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: