Најсексипилните славни љубовници

Аферите и неверството се секогаш она што најмногу ја интересира јавноста кај славните личности. Се случува секојдневно, и самиот чин на неверство веќе се наметна како природно нешто. Влезете во интимата на славните и погледнете ги најпознатите љубовници.

 

Ребека Лосс

Афера со Дејвид Бекам

Од јули до октомври 2003

За време на неговата прва сезона во Реал Мадрид, фудбалерот имаше афера со неговата лична асистентка. Според нејзините зборови, тој се чувствувал многу осамен и изгубен првите месеци во шпанската престолнина, па таа му била рамо за плачење, подршка и забава цели 4 месеци.

 

Елизабет Тејлор

Афера со Еди Фишер и Ричард Бартон

од 1958 до 1961

Ако некој никогаш не бил загрижен за тоа што зборуваат другите, тоа беше Елизабет Тејлор. Првиот голем сканадл во кој таа беше сплеткана се случи во далечната 1958, по смртта на нејзиниот трет сопруг – Мајкл Тод. По неговата смрт, таа најде утеха во оженетиот Еди Фишер. Тој толку добро ја утеши актерката, па тие завршија во брак. Но Елизабет го изневери и него со љубовта на својот живот – Ричард Бартон.

 

Анџелина Џоли

Афера со Бред Пит

Од април 2004 до октомври 2005

Нивната приказна ја знае целиот свет. Бранџелина се запозна на снимањето на филмот Господин и госпоѓа Смит, во април 2004 година кога и ја почнаа нивната тајна афера поради тоа што Бред Пит се уште беше во брак со Џенифер Анистон. Иако нивните соработници, менаџери и агенти направија се што можат да не излезат информациите за неговото неверство во јавноста, откако бракот со Анистон заврши со развод, тој и призна се на јавноста.

 

Оксана Григориева

Афера со Мел Гипсон

Од август 2008 до април 2010

Оваа руска заводничка му го замати паметот на познатиот актер многу лесно. Тајно ги снимаше сите негови “диви испади” во креветот. Тие првпат се сретнаа во 2008 година во Костарика, кога беа и направени првите папараци фотографии од нив, со што се кренаа прашања за нивната врска. Мел Гипсон поднесе барање за развод од својата долгогодишна сопруга, со кога има 7 деца, дури на крајот на 2009 година.

 

Рејчел Узител

Афера со Тајгер Вудс

Од мај до ноември 2009

Станува збор за првата љубовница на Тајгер Вудс која стана позната во јавноста. Сопругата го фати Тајгер како токму неа и пишува СМС пораки, а откако нејзиниот идентите стана познат за јавноста, Рејчел доби 10 милиони долари за да не открива никакви детали. 

 

Мерлин Монро

Афера со Џон Ф. Кенеди

Помина пола век од смртта на Мерлин Монро, на таа се уште важи за една од најсекси жените на Холивуд. Меѓу другото, таа ќе остане запаметена како Втората Дама. Не се знае многу за нејзината тајна врска со претседателот на САД, но се верува дека таа ја плати аферата со глава.

Пронајдете не на следниве мрежи: