Меѓународниот казнен суд за поранешна Југославија на 29 ноември ќе ја објави пресудата против поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај и уште против двајца припадника на Ослободителната војска на Косово(ОВК).
Како што објави во среда судот, пресудата во повторената постапка судот ќе ја изрече откако Харадинај и Балај во април 2008 година беа ослободени од вината за воени злосторства и злосторства против човештвото, додека Брахими беше осуден на шест години затвор. Потоа жалбениот совет во јули 2011 година делумно ги укина ослободителните пресуди и наложи повторно судење.
Сите тројца обвинети косовски Албанци се предадоа на Хашкиот трибунал на 9 март 2005 година, а повтореното судење почна во август 2011 година.
Предмет се однесува на злосторства наводно извршени во 1998 година во западниот дел на Косово.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: