Манчестер Сити ја доби трката за “Балканскиот Меси” – Ален Халиловиќ

Манчестер Сити наводно ја добил трката за потписот на Ален Халиловиќ, сензацијата на Динамо Загреб, момчето кое веќе доби име “Балканскиот Меси”. 

Тимот на Роберто Манчини се бореше со страшна конкуренција од клубови ширум Европа, меѓу кои највеќе вреди да се споменат Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, за кои се велеше дека имаат силен интерес за потпишување на 16-годишното момче. 

Претставници на Сити допатуваа во Загреб пред неколку дена со цел да ги заклучат преговорите за трансферот на Етихад, а goal.com најавува дека договорот е веќе склучен и дека цената ќе биде околу 9 милиони фунти. 

Halilovic е уште еден плод на одличната академија на Динамо, откако од истата излегоа и Лука Модриќ, Нико Крањчар, Ведран Чорлука и Матео Ковачиќ. 

Офанзивниот фудбалер веќе се смета за најдобриот лад фудбалер на Балканот, и покрај тоа што има многу малку искуство со првиот тим на Динамо. 

Своето деби Халиловиќ го имаше во септември, при победата на Динамо против Хајдук со резултат од 3:1, со што Халиловиќ стана најмладиот дебитант во првата хрватска лига со 16 години и 102 дена. 

Само 10 дена откако Халиловиќ скрши уште еден рекорд – овој пат станувајќи најмладиот фудбалер кој постигнал гол во лигата после велемајсторијата која ја покажа во победата од 4:1 против Славен Белупо, тој би можел да биде 7-мото засилување на Сити за оваа сезона, откако на Етихад веќе пристигнаа Џек Родвел, Хави Гарсиа, Маикон, Скот Синклер, Матија Насташиќ и Ричард Рајт. 

Халиловиќ е и најмладиот фудбалер на Динамо Загреб кој настапил во Лигата на Шампионите, откако прв пат заигра против ПСЖ. 

Додека тимот на Манчини се мачеше со Реал Мадрид на домашен терен, Халиловиќ вчера уште еднаш го вкуси задоволството од играње во најелитната европска клупска лига, за време на поразот на Динамо Загреб од Порто, каде на младиот фудбалер му беше дадена шанса во последните минути. Се чини дека тој наскоро многу почесто ќе добива шанси да игра во Лигата на Шампионите. 

Халиловиќ игра и за младинската репрезентација на Хрватска. 

Пронајдете не на следниве мрежи: