Почина на сопствената свадба

Навистина тажна вест доаѓа од Бразил. Младоженецот Фабио Мачил (33), паднал на чаша за пиво на својата венчавка и искрварил до смрт.
 
Тој со својата долгогодишна девојка Грејс, ја планирале венчавката уште од почетокот на 2012 година, со желба се да биде совршено. Тие се венчале во Рио Де Жанеиро, пред 200 гости.
 
По завршувањето на церемонијата, се младиот брачен пар, заедно со најблиските пријатели се упатиле кон еден ноќен клуб за да ја заокружат прославата. Но додека Фабио танцувал со чаша за пиво во џебот, се лизнал на влажниот под и паднал, со што се скршила чашата. Стаклото му ја пресекло жилата и тој искрварил на патот до болница.
 
Неговата сопруга е се уште во шок и константно плаче, не можејќи да поверува што се случува.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: