Евролига: Настапуваат Мекејлеб, Антиќ, Илиевски, Самарџиски

Македонските интернационалци кои настапуваат во кошаркарската Евролига, во четврток, со своите екипи, ќе ги одиграат натпреварите од седмото коло.

Лестер Бо Мекејлеб, чии настап е неизвесен поради повреда, со Фенербахче, на домашен терен за противник ќе ја има екипата на Олимпија.
Двоецот Владо Илиевски-Маркиз Грин, со Цедевита ќе му гостуваат на Емпорио Армани. Цедевита во Милано отпатува без тренер, откако Божидар Маљковиќ, во вторникот ненадејно поднесе оставка на функцијата.
Олимпијакос на Перо Антиќ, во една од дерби средбите на седмото коло ќе го пречека турскиот тим Анадолу Ефес.
Најтешка задача од македонските интернационалци ќе има Предраг Самарџиски, чии Лијетувос Ритас ќе го стува кај Барселона, единствената екипа која по шест кола има максимален учинок.

Група А:
Фенербахче-Олимпија

Група Б:
Шалон-Алба
Уникаха-Проком

Група Ц:
Армани-Цедевита
Олимпијакос-Анадолу Ефес

Група Д:
ЦСКА Москва-Партизан
Барселона-Лијетувос Ритас.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: