Филмот Арго; сериозен кандидат за Оскар

Под режисерската палка Бен Афлек ни пристигнува еден драматичен и генијален филм снимен според вистинска приказна.

 

Имено дејствието е околу операцијата Арго, која е тајна операција за спасување на 6 Американци кој во биле киднапирани во текот на иранската криза.

 

Учесниците на операцијата Арго денес се национални херои. ’

 

На 4ти ноември во 1979 година, за време на Иранската револуција, иранските демонстранти киднапираа 52 Американски државјани кога воедно и ја нападнаа Американската амбасада во Техеран. 

 

За Бен Афлек ова е едно од најдобрите сценарија кои тој ги има прочитано, најфасцинантното за него е тоа што се било во најдобар ред. Филмот Арго веројатно на Бен Афлек ќе му донесе и Оскарска номинација.

 

Афлек освен режија се појавува и во главната улога на ЦИА оперативецот Тони Мендез, а филмот наскоро може да го очекувате и во македонскиот Cineplexx. 

 

извор: index.hr

 

Пронајдете не на следниве мрежи: