Непознато лице со автомобил шкода фабиа без регистерки таблички во средата попладне во неколку наврати се обидело да ја пресече колоната возила на српскиот претседатл Томислав Николиќ, која се движела низ улиците на Белград.
Ова информација официјална ја потврди српското МВР, додавајќи дека обезбедувањето на претседателот се обидело да го сопре возачот, но тој успеал да побегне.
Од српската полиција велат дек аво овој момент не можат да кажат дали станува збор за дрзок возач, или инцидентот е последица на сообраќајната гужва, поради изведување на градежни работи на улицата Јуриј Гагарин, во Нов Белград.
На почетокот на номеври на автопатот Белград-Ниш се случи сличен инцидент, кога службен џип на генерал од српското МВР се доближи на непрописно растојание до колоната возила во кој бил Николиќ.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: