`Сенди` ја затвори Статуата на слободата за цела година

Службата за национални паркови на САД, соопшти дека Статуата на слободата и островот Елис нема да бидат отворени за посетители.

Двете локации се затворени по супербурата `Сенди` која го погоди регионот на 29 октомври, а поправките од оштетувањата траат.
Статуата на слободата има мали оштетувања. Основата на споменикот и скалите немаат оштетувања.
Оштетувања има на брегот и на шеталиштето и на некои други згради во околината.

На островот Елис, бурата ги оштетила вратите, прозорците и зградата за фери бродовите.
Портпаролот на Службата на паркот, Дафне Ѕан во среда рече дека нема ни една поставка која е отворена за јавност.
Двете локации, статуата и островот Елис, кои служат како влезна точка за имигранти повеќе од половина век, се сметаат за њујоршки атракции.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: