Бомба експлодирала во Атина ноќта во средата кон четвртокот пред зградата во која живее една судијка, која работи на случаи на тежок криминал, соопшти локалната полиција, додавајќи дека во нападот немало жртви.
Бомбата била поставена во дворот на зградата, во предградието Халандри, а од експлозијата биле оштетени неколку паркирани автомобили.
Во септември во атинското предградие Врилисиа мета на бомбашки напад беше куќата на друга судијка, која исто така работела на предмети со тежок криминал.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: