Навивачи на Тотенхем нападнати во Рим

Десет навивачи на Тотенхем се повредени, од кои еден сериозно, откако беа нападнати од група навивачи на Лацио. 

Инцидентот се случил во паб во областа Кампо де Фиори во Рим, пред вечерашниот натпревар од Лига Европа меѓу Тотенхем и Лацио. 

Група маскирани хулигани, фанови на Лацио, која броела меѓу околу 50 до 70 луѓе, го нападнале барот ова утро со ножеви и метални шипки. 

По тепачките, еден Англичанец морал да биде одведен во болница, бидејќи бил ранет со нож. 

Пронајдете не на следниве мрежи: