Во Рим тешко повреден навивач на Тотенхем

Двајца навивачи на Тотенхем се потешко повредени, откако во еден бар во Рим биле нападнати од навивачи на Лацио. Еден од тешко повредените се наоѓа во критична состојба.

Италијанските медиуми пишуваат за „улична војна“, во која околу сто екстремни навивачи на Лацио, во еден часот по полноќ, влегле во еден бар во кој се наоѓале навивачите на Тотенхем. Во нападот десетмина биле повредени, од кои еден се наоѓа во критична состојба.
Неколкумина од напаѓачите на самото место биле уапсени од римската полиција, додека по останатите се трага.
Навивачите на Тотенхем пристигнале во Рим, да му дадат поддршка на својот тим, кој во четврток, во Лига Европа, ќе му гостува на Лацио.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: