Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи го смени својот советник и ги суспендираше начелникот на Агенцијата за цивилни регистри и директорот за изработка на лични документи, поради афера поврзана за злоупотреба на 1,4 милиони евра за изработка на пасоши.
Во аферата е обвинета и германската државјанка Наталија Вељија, која вчера во исказот пред истражниот судија одби да ги каже имињата на кои им уплатила 1,4 милиони евра.
Нејзиниот адвокат Том Гаши за приштинските медиуми изјави дека Вељија одбила да каже кому му биле уплатени средствата, но на конкретното прашање на обвинителот дали во скандалот е вмешан и министерот Реџепи, таа рекла дека министерот немал никакви информации за целиот случај.
Во меѓувреме Реџепи го смени својот политички советник Седат Гаши, а ги суспендираше извршниот начелник на Агенцијата за цивилни регистри Блерим Цапај и директорот за изработка на лични документи Бесник Бериша.
Притоа се образложува дека Гаши е сменет затоа што не им одговорил на задачите, додека Цамај и Бериша се суспендирани поради лоши односи со своите подредени.
Истовремено австриската државна печатница (ОеСД), која пред една година ја презеде работата за изработка на косовски биометриски пасоши, ги негира обвинувањата на германската државјанка дека по имала налог да подмити високи функционери во косовското министерство за внатрешни работи.
Макфакс