Еден кинески дедо ја постигна својата светска слава откако на интернет се проширија фотографии на кои тој позира како модел за женска облека.
Liu Xianping има 72 години и тој најпрво позирал од забава во дуќанот на неговата внука. Но откако фотографиите се појавија на интернет, тие станаа вистинска сензација.
Обичната шала се претвори во многу успешна кампања, а неговата внука за Cnina Newsweek објаснила дека сето тоа било идеја на дедото.
Облеката е дизајнирана за тинејџерки, а линијата содржи розеви пелерини, доколенки, чипки и слични слатки додатоци.
Лиу на бројните фотографии позира со чанта, а неговите нозе наводно се главниот извор на љубомора меѓу младите Кинези.
Тие сметаат дека тој е многу добро граден, има многу добра линија и нозе.
Лиу е среќен што на некој начин допринел за да му помогне на своето семејство.
Пронајдете не на следниве мрежи: