Додека жените во кревет ги мачат едни проблеми, на мажите во глава им се мотаат сосема други прашања. Време е еднаш за секогаш да ги расчистиме работите.
Дали ќе можам да ја задоволам партнерката? Што ако не успеам да ја задржам ерекцијата?
Ова се само дел од нештата за кои размислуваат мажите…
Не можеме да најдеме ниту една причина зошто мажите да не мислат на секс, но има повеќе причини зошто тоа да не го прават на негативен начин, така само можат да ги предизвикаат несаканите ситуации во креветот.
Следуваат најчестите прашања кои ги мачат мажите во креветот, се разбира заедно со нивните одговори.
Се уште сум невин. Како да го признаам тоа?
Повеќето мажи не сакаат на своите пријатели или на девојката да им признаат дека никогаш претходно немале секс. Сметаат дека на тој начин во прашање ќе биде доведена нивната машкост. Поради тоа често лажат. Но, тоа не е причина за срам или несигурност! Всушност, на многу жени би им ласкал фактот дека некому ќе му бидат прва партнерка. Затоа, два пати размилете пред да се одлучите да излажете, а со тоа да се доведете во евентуално многу полоша ситуација.
Често мастурбирам. Дали тоа влијае на плодноста?
Ова е само една од најчестите заблуди за самозадоволувањето. Не, без оглед на тоа колку често се самозадоволувате не можете да станете неплодни, ниту тоа на каков било начин влијае на плодноста. Мастурбирањето е одличен начин за запознавање на сопственото тело и таа навика може само позитивно да влијае на вашето здравје.
Купувањето на кондоми е толку нелагодно. Јас едноставно не можам да го направам тоа…
Фактот што треба да купите презерватив кажува доволно – размислувате за сигурен секс и тоа е голем чекор во вистинската насока. Ако ве обземе помислата дека таквата ситуација е нелагодна, само помислете какви можат да бидат последиците од сексот без заштита – фатални! Не сакате да бидете само уште еден статистички податок! Ова би требало да биде доволно за да ја поттикне вашата самодоверба. Кондомот ви треба за да се заштитите и себе и партнерката.
Партнерката има поголемо сексуално искуство од мене. Ќе можам ли да ја задоволам?
Дали и колку ќе успеете да ја задоволите партнерката воопшто не зависи од бројот на претходни сексулани искуства. Сè додека вашата врска е здрава и имате емоционална конекција, додека се грижите еден за друг, додека се трудите да се задоволите меѓусебно, не би требало да има никакви проблеми!
Таа сака секс, а јас се уште не сум подготвен. Што да правам?
Веројатно е тешко и да се замисли дека некои мажи можат да се чувствуваат вака. Но, всушност и за нив сексот претставува оптоварување доколку се под притисок и не се подготвени за тој чекор од најразлични причини. Ако не сте подготвени, од која било причина, морате да бидете искрени со партнерката. Нема да ве напушти (ако од тоа се плашите), туку најверојатно ќе ја почитува вашата искреност и ќе причека додека не бидете подготвени.
Јас сум подготвен, но таа не сака да има секс. Што да правам?
Ако вашата партнерка е под притисок бидејќи вие сакате секс, а таа не е подготвена, двајцата ќе се чувствувате лошо. Имајте разбирање, дајте и време, причекајте додека не биде спремна. На крајот, трпението ќе ви се исплати!
Сум чул дека големината не е важна, но сепак тоа ме загрижува…
Добро сте чуле. Големината не игра голема улога сè додека знаете што правите. Дури и ако природата ве надарила натпросечно, тоа нема да ви помогне во креветот ако не знаете што и како треба да правите.
Смееме ли да водиме љубов додека таа има менструација?
Сè додека и двајцата немате проблем да имате секс за време на месечниот циклус, нема причина тоа и да не го рпавите. Да, може да дојде до неред, треба да бидете подготвени на тоа. Сепак, мора да го правите тоа со презерватив – обајцата да се заштитите од инфекции и сексуално преносливи болести!
Како да знам дали го глуми оргазмот?
Ако вашата партнерка го глуми оргазмот, шансите да го откриете тоа се минимални. Наместо да се замарате дали глуми или не, погрижете се и двајцата подеднакво да уживате во сексот. Разговарајте со неа, прашајте ја што и се допаѓа, а што не. На тој начин ќе знаете како да и помогнете полесно да доживее вистински оргазам. Сè додека во креветот нештата ги правите како што треба, нема потреба од грижа и аналзирање дали партнерката глуми или не.
Што ако не успеам да постигнам ерекција?
Самото размислување на оваа тема е едена од причините до тоа и да дојде. Опуштете се и уживајте, не размислувајте за некои можни ситуации и сценарија. Сепак, пред сексот избегнувајте поголеми количини на алкохол бидејќи тоа може привремено да ве онеспособи.
Пронајдете не на следниве мрежи: