Јапонец држи заложници во банка и бара оставка од владата

Вооружен маж со нож бара оставка од владата на јапонскиот премиер Јошихико Нода и држи пет луѓе како заложници во една мала банка, јавуваат јапонските медиуми.

Претставникот на банката „Тојокава Шинкин“ во префектура Аичи, во централна Јапонија потврди дека во банката има неколку заложници, но не можеше да наведе други детали.
Човек со нож упадна во банката и бараше храна, пијалок и мегафон, додека полицијата се обидува да го убеди да се предаде, јавува телевизијата NHK.
„Сакам Ноде да поднесе оставка. Сакам да кажам што мислам“. рекол киднаперот.
Телевизијата јави дека во банката се наоѓаат петмина заложници, еден клиент и четири службеници.
На телевизиската снимка се гледа дека областа околу банката е затворена и дека ја обезбедува полицијата.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: