Дрогба би можел во Евертон?

Африканецот бара специјална дозвола од ФИФА да го напушти Шангај поради позајмица во Европа.

Сезоната во Кина е завршена, Дрогба ќе чека за афричкиот шампионат во јануари и фебруари, а до тогаш тој сака да има повеќе натпревари.

Поради тоа испрати до ФИФА посебно барање, да во преодниот рок му се овозможи позајмица во некој европски клуб.

Светската куќа на фудбалот го разгледува ова прашање, Дрогба практично цел декември би можел некаде да игра, да одигра четири или пет натпревари и така да остане во натпреварувачка форма.

Сите ги интересира за кој клуб Дрогба би настапувал, со оглед на тоа дека станува збор за позајмица.

Како најсериозен клуб за оваа позајмица во моментов се споменува англискиот премиерлигаш, екипата на Евертон.

Пронајдете не на следниве мрежи: