Ен (71) и Рон (74) Хејворд, кои се во брак преку 50 години, по втор пат влегуваат во правен спор поради гледање на порно филмови.
Брачниот пар од Велика Британија тврди дека е згрозен од обвинувањата од нивниот кабелски оператор, кој им доставил сметка за преку 150 филмови за возрасни, од кои секој чини по околу 5 евра.
Бабата и дедото, кои имаат 11 внуци и 4 правнуци, добиле слична сметка и во 2009 година, кога износот бил еднаков на 900 евра.
Anne вели: “Моите омилени емисии се за антиквитети и селски живот, никогаш не сум гледала порно филм, и не знам ни како да ја активирам опцијата за да таквите филмови ми станат достапни. Ова навистина станува смешно, поштарите почнаа да се шегуваат со мојот сопруг и да го прашуваат дали гледал некој добар филм во последно време.”
Нивниот оператор се обврзал да ги заклучи ваквите содржини со специјален код за нивниот дом, така што тие веќе никогаш нема да можат да дојдат до вакви содржини.
Пронајдете не на следниве мрежи: