76-годишна баба се соблече во провокативно бикини: Глетката никого не остава рамнодушен…

Џоан Мекдоналд (76) ги изненади обожавателите откако ја истакна својата прекрасна фигура во разголено бикини. Манекенката често ги споделува своите вежби со милиони фанови на Инстаграм.
Бабата се соблекла за да им го покаже на сите своето завидно тело, иако е во осмата деценија од животот.
Џоан Мекдоналд е кралица на фитнесот и навистина е во одлична форма – дури и на 76 години. Овој „гуру“ за вежбање (како што ја нарекуваат) има 1,6 милиони фанови на Инстаграм, каде често ги споделува своите совети за фитнес, но и мудрост.
Сега, во една од нејзините најнови снимки, Џоан од Канада им возврати на ‘хејтерите’ кои не го сакаат нејзиното тело и ја прозиваат поради нејзиниот изглед.
„Да ги прозивате постарите луѓе поради нивниот изглед не е нова работа, особено поради нивната кожа и изглед“, пишува таа.
„Тажно е, но вистинито! Најлошо од сè е тоа што старееме (особено ние жените) и ставовите на секој поединец ги доживуваме лично“.
„Наместо да се восхитуваме на нашите тела, ние сме засрамени. Порано се срамев да носам костим за капење. Го погледнував телото и помислував дека нозете ми се кратки, листовите дебели, а задникот премногу широк. Бев свесна дека стареам, но не дозволував другите да ме исмејуваат. Затоа почнав повеќе да работам на моето тело“, заклучува таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.