76-годишна драчевка измамена за 130 илјади денари: И кажале дека ќерка и згазила дете!

На 17.01.2025 година во 18.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот примила телефонски повик од едно женско лице и едно машко лице, коишто и кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа – прегазила дете, и за да не оди во затвор, требала да им даде пари на истите.

Пријавителката, по претходен договор со сторителите, на подрачјето на Драчево им предала 130.000 денари, но набргу сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.