Европската фудбалска унија (УЕФА), ја одложи одлуката за казните по повод инцидентите кои се случија за време и по натпреварот на младите репрезентации на Србија и Англија, одигран на 16. Октомври во Крушевац.
На седницата на Контролната и дисциплинската комисија на УЕФА, која во четвртокот се одржа во Нион е одлучено конечната одлука да биде донесена на 13.декември.
„Ве известуваме дека членовите на Контролната и дисциплинската комисија на УЕФА одлучија да го одложат донесувањето на одлуката по овој случај, со цел да биде спроведена дополнителна истрага“, се вели во дописот кој од УЕФА бил испратен до Фудбалскиот сојуз на Србија.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: