Стапката на регистрирана невработеност во Хрватска во октомври оваа година изнесуваше 19,6 отсто, објави во четвртокот Хрватскиот завод за статистика.
Тоа е за 1,3 отстотен поен повеќе во споредба со претходниот месец, кога стапката на невработеност изнесувала 18,3 отсто.
На годишно ниво, во однос на октомври минатата година кога невработеноста изнесувала 17,9 отсто, стапката е зголемена за 1,7 отстотни поени.
Ко крајот на октомври во евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување имало регистрирани 333.400 невработени лица, што во споредба со септември претставува пораст од 7,2 отсто, или 22.300 лица.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: