Џенифер Лопез: Концертот во Белград ми беше еден од најдобрите до сега

Loading...

“Беше феноменално, прекрасна публика, совршена атмосфера…Мислам дека ова е еден од топ трите концерти во мојот живот”…вака гласеше една од изјавите на Џенифер Лопез дадени за време на нејзиното интервју со Огнен Амиџич, еден од водителите на српската телевизија “Pink”.

Џенифер Лопез во вторникот вечерта, за прв пат одржа свој концерт во Србија, во “Комбак Арената” пред 18.000 публика

На прашањето кој е најдобриот и најубав момент од поминатата вечер, Џенифер со широка насмевка одговори:

“Имаше премогу преубави моменти…Но, можеби би бил оној кога ми подарија перниче на кое пишува “Volim te”. Ми се допаѓаат моментите кога помеѓу моите изведби комуницирам и со публиката, луѓето, се ракувам, прегрнувам, тоа се моите омилени моменти”, ја надополнува својата изјава Џенифер.

Во прилог погледнете го видео записот со дел од интервјуто.

 

 

Преземено од www.tzm.com

loading...