Златна божикна елка за 3,26 милиони евра

На оние што сакаат на посебен начин да ги прослават претстојните Божикни празници, јапонски златар им нуди златно божикно дрвце украсено со ликовите на Дизни, како Мики Маус, Пепелашка …

Златното божикно дрвце е изработено од 40 килограми чисто злато, високо е 2,4 метри и со дијаметар од 1,2 метри. Божикните украси ги правата 50 популарни ликови на Дизни, коишто исто така се изработени од чисто злато. Цената што треба да се плати за ова задоволство е 350 милиони јапонски јени или само 3.26 милиони евра.
Сите ликови на Дизни се изработени рачно на што два месеца работеле десет златари.
Менаџерката на јувелирницата „Ginza Tanaka“ во центарот на јапонската престолнина Токио, уверува дека купувањето на нивниот производ ќе претставува полн погодок бидејќи сегашната цена на златото по грам изнесува повеќе од 4.400 јени.
За купувачите, пак, коишто не се подготвени да ја издвојат ваква сума, златарницата понуди поевтин примерок со само 20 ликови на Дизни на дрвце високо 25 сантиметри по цена од 188.712 евра.
Големото божикно дрво сé уште го чека својот купец, но затоа, пак, малото е веќе продадено.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: