Спортскиот директор на ПСЖ смета дека швеѓанецот поседува исти фудбалски квалитети како Лионел Меси и Кристиано Роналдо.
Златан Ибрахимовиќ ја поправи својата форма по преминувањето во Париз Сент Жермен иако во Милан беше еден од најдобрите поединци.
Најдобрата партија на Ибрахимовиќ од август па наваму беше онаа на пријателскиот натпревар на кој неговиот национален тим одигра против Англија а токму Ибрахимовиќ ги постигна сите четири погодоци за својот национален тим, од кој едниот сериозно претендира да биде гол на сите времиња.
„Златан е играч од ист калибар како и Лионел Меси и Кристиано Роналдо. Не можете да го делите од останатите. Тој е посветен на клубот во кој настапува и треба да се земе во предвид кога е доделувањето на Златната Топка“ изјави спортскиот директор на екипата на Парис Сент Жермен, Леонардо.
Пронајдете не на следниве мрежи: