Анри се враќа во Арсенал?!

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, потврди дека овој клуб во текот на јануарскиот трансфер преоден рок ќе се обиде да најде напаѓач кој би ја надоместил лошата форма на Оливие Жиру и отсуството на Жервињо поради настапот во Афричкиот Куп на Нациите.

Арсен Венгер потврди дека постои план да во јануарскиот преоден рок на „Емирејтс“ доведе напаѓач.

„Бараме напаѓач бидејќи Жервињо ќе отсуствува и сосема ни е јасно дека ни е потребно засилување на тој дел од играта“ вели Венгер.

Веќе е потврдено дека постои можност да тоа биде Тиери Анри, но, тренерот на Арсенал не се насочил само на таа можност.

„Сеуште не сум разговарал со Анри така да сеуште не одлучив дали токму тој фудбалер ќе биде нашето засилување“ изјави Арсен Венгер.

Пронајдете не на следниве мрежи: